Девојко, кога на нарцисот ќе му ја покажеш вратата?
Биди добро

Девојко, кога на нарцисот ќе му ја покажеш вратата?

И сè повторно е исто.

И сè повторно е исто.

Поверува, ја отвори вратата повторно, му дозволи на таа личност повторно да влезе во твојот простор, живот и срце. Истата личност која те изневери повеќе пати, те повреди, но се тешиш- тоа беше порано.

Дали сега вистински разбра, вистински се промени, вистински повеќе нема да те повреди или овој пат е крај? Чувствуваш дека многу пати објасни сè и сега тоа мора да биде разбрано и од другата страна. И првите неколку денови сè е во ред, иако можеби си умислуваш и затвараш очи пред тоа дека не е сеуште во ред. Но, толку многу сакаш тоа да успее, што ги затвораш очи пред 'малите' грешки. По неколку дена стануваат 'чудни' работите, повторно нешто се случува.

Се случува сè она што се случувало и порано. Не те гледа, не те слуша, те игнорира со молк, престануваат убавите пораки и повици. Од издигање во небеса, стигнуваш до тоа дека не си доволно важна, ниту пак вредна за тоа да одговори на твоја порака. Престанува да биде заинтересиран за тебе, сите ветувања паѓаат во вода, сите договори се менуваат и во еден момент сфаќаш дека си повторно во круг на казнување и манипулирање.

Веќе помина низ тоа толку пати, сега веќе препознаваш некои елементи од тоа 'другото' однесување, успеаваш да препознаеш дека полека повторно си вклучена во кругот од кој толку пати се издигнуваш и тешко се опоравуваш.

Повторно се соочуваш со тага бидејќи те допира повредата која таа личност така вешто знае да ја допре и отвори... повредата од оставање, повредата од недоволно љубов, повредата од раздвојување итн. Многу се тука варијанти на повреда, но факт е дека таа таканаречената љубов ти носи повторно болка и само болка.

Колку и да гледаш многу добри работи тука за тебе, на крај ќе сфатиш дека сè тоа е илузија која сама ја создаде за да може полесно да се остане во тоа. Свесна си сега дека тоа повеќе не е за тебе, дури и дека не го чувствуваш повеќе она што на почетокот го чувствуваше.

Сите емоции, волја и љубов за подобрување се истрошени. И благодарност до Вселената што веќе немаш сила за останување и вложување на труд за ваков однос. Тоа не е добро место, не е добро за тебе. Доаѓа тага, спомени, како да си одиш по сето тоа, да се ослободиш од теретот, дали некогаш повторно ќе доживеш таква љубов, толку многу прашања, стравови и сомнежи. Сето тоа на ова место е природен процес на поминување.

Можеби најтешко е да си признаеш дека тука повеќе нема ништо, дека не го чувствуваш тоа што некогаш гочувствуваше кон таа личност... дури и нејзините зборови повеќе не те допираат како порано, повеќе не веруваш, дури и тој повторен круг на враќање повеќе не ти ја буди надежта, туку сфаќаш дека сето тоа е илузија.

Стануваш свесна дека не можеш да преминеш преку сè и да продолжиш во тонот на лажната љубов од другата страна. Некој кој те повредува толку пати, мисли само на себе, повторно ги допира раните без грижа, доаѓа и си заминува според своите потреби, само зборува и ветува, но и покрај сето тоа, тешко е да ги игнорирате сите факти кои ти ги отворија очите.

И да останеш во тоа мачилиште, да чекаш нов почеток, а сфаќаш дека нема смисла, сфаќаш дека е полесно да тагуваш, да те исполни празнина и осаменост, отколку да останеш во тој празен однос без љубов.

Свесна си дека годините не можат да се вратат, сите тие години од твојот живот остануваат неповратно во минатото. Тоа предизвикува тага, голема тага која полека ја пушташ. Сфаќаш дека секој час посветен на таа личност значи губење на твојот живот и себе.

А враќањето кон себе значи дека повеќе се љубиш себе, ги почитуваш своите граници, не дозволуваш некој да те понижува и прави будала, свесна си за своите чувства кои ти кажуваат дека нешто или некој не е за тебе. Тоа е сè враќање кон себе, она што го градеше можеби со години.

Потсети се на сè ова кога повторно ќе го слушнеш своето кукање.

Марта

Прочитајте и